Раководство

Легислатива

Тарифен систем

Возен ред

Билети

Вредносни картици

Сакате да не прашате

   
Скопје, 20 Април 2019
Ваши коментари
Ве молиме заради подобрување на квалитетот на Нашите услуги, да ни помогнете со испраќање на Ваши коментари
Анкета
 
 


Пионер во приватниот јавен градски превоз


Основна дејност на МАКЕКСПРЕС е превоз на патници во градскиот и приградскиот сообраќај на Град Скопје преку:

- Градски и приградски превоз на патници со автобуси на одредени линии по точен одреден возен ред

- Превоз на патници со автобуси во однос на посебни барања од физички и правни лица ( склучени договорени и слободни возења)

Макекспрес превоз го организира автобускиот превоз на подрачјето на Град Скопје и околните приградски населени места со типизиран возен парк кој се состои од возила МАН, САНОС, ИКАРУС, МЕРЦЕДЕС, ТАМ, со просечна старост на автобусите од 18 години.

На линиите на Макекспрес (2 (две) приградски и 6(шест) градски линии) имаме 256 автобуски станици од кои 234 станици на градски линии и 22 станици на приградски линии.

Според развојните планови на Макекпрес мора да се користат возила кои ќе работат на биодизел гориво, за да дадеме активен допринос во заштитата на животната средина и намалување на загадувањето на воздухот во Скопје.

За обновување на возниот парк сме во активни преговори за набавка на нови ниско подни автобуси било соло било зглобни .


На линиите на Макекспрес се распределени

Во работни денови 100 автобуси
во Сабота 50 автобуси
во Недела и на Државен празник 50 автобуси

Политика на квалитет

Политиката на квалитет во МАКЕКСПРЕС ПРЕВОЗ се гради низ културата на работа и свеста на секој вработен, континуирано дообразование и обука на вработените заради исполнување на Нашата базична цел

ЦЕЛОСНО ЗАДОВОЛНИ КОРИСНИЦИ НА НАШИОТ ПРЕВОЗ
во однос на услугата и цената на превозот, да се постигне такво ниво на квалитет за да станеме ценети, почитувани, партнери во животот и работата на сите Наши корисници


Примарни цели


Еден од најпримарните цели на МАКЕКСПРЕС е да постигне потполно задоволство на своите корисници, преку дефинирање и реализирање на следните цели на квалитет

- Обновување на возниот парк со нови и современи автобуси
- Воведување на современи информатички технологии, во продажбата и напалтата на превозот, одбележување и пратење на правецот на движење на автобусите
- Поедноставување на процесот и елиминирање на активности кои не создаваат доход, за да може во следниов период да бидат помалку од 20 %
- Смалување на грешките во текот на процесот кои создаваат зголемување на трошоците
- Зголемување на задоволството на патниците за 5 % секоја година
- Намалување на времето на циклусот за 10 % во однос на претходната

За реализација на целите = за да ги зголеми приходите МАКЕКСПРЕС се фокусира на квалитет, брзина, точност.
За да ги забрза процесите на развој и да ги смали трошоците, МАКЕКСПРЕС се потпира на своите вработени на кои ќе им
- Обезбеди време и потребни ресурси за исполнување на целите на квалитет
- Обезбеди дообразование на своите вработени заради полесно пратење и практикување на новите методи на работа
- Создаде услови за тимска работа
- Обезбеди информациска подршка за подобрување на процесот
- Обезбеди консултант како тренер и водич на патот кон совршенство

 



МАКЕКСПРЕС
инфо

ВЕСТИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Вест2

Вест3

Вест4


Бесплатен превоз


Галерија


Маркетинг
>>>

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД СКОПЈЕ

РЕКЛАМИРАЈТЕ СЕ НА НАШИТЕ АВТОБУСИ


Powered & hosted:
Мрежен електронски центар