Се известуваат граѓаните дека на ден 22.06.2010 (Вторник), дел од ул. Благоја Стефковски и тоа од раскрсницата со бул. Александар Македонски до раскрсницата со ул. Методија А. Ченто ќе биде затворен за одвивање на сообраќај поради реконструкција на коловозот.
Автобусите на ЈГПП ќе бидат пренасочени и истите ќе се движат по бул. Александар Македонски, ул. Методија А. Ченто и ул. Благоја Стефковски , при тоа користејќи ги постојните автобуски стојалишта.
Забраната ќе важи во периодот од 22.06.2010 до 31.08.2010 година |