Раководство

Легислатива

Тарифен систем

Возен ред

Билети

Вредносни картици

Сакате да не прашате

   
Скопје, 25 Јуни 2019
Ваши коментари
Ве молиме заради подобрување на квалитетот на Нашите услуги, да ни помогнете со испраќање на Ваши коментари
Анкета
 
 


Пионер во приватниот јавен градски превоз
Добрoдојдовте на сајтот на Макекспрес , првата приватна компанија во јавниот градски превоз.

Основна дејност на МАКЕКСПРЕС е превоз на патници во градскиот и приградскиот сообраќај на Град Скопје преку:

- Градски и приградски превоз на патници со автобуси на одредени линии по точен одреден возен ред

- Превоз на патници со автобуси во однос на посебни барања од физички и правни лица ( склучени договорени и слободни возења)
 
....................................................................................................................
ЛЕГИСЛАТИВА

Извадоци од Закон за превоз во патниот сообраќај
кои го регулираат линискиот превоз на патници за градот Скопје
(Сл.весник бр.68 од 5 Октомври 2004)


Услови за вршење на превоз во патниот сообраќај

Член 4
Домашен превозник може да врши превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај врз основа на лиценца.
Трошоците настанати во врска со издавање на лиценците и другата потребна документација за вршење на превоз во патниот сообраќај ги сноси превозникот.

Член 5
Превозот во патниот сообраќај се врши со моторни и приклучни возила што ги исполнуваат условите утврдени со прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата и посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за одделните видови на превоз.
Посебните техничко-експлоатациони услови за возилата за одделни видови на превоз ги пропишува министерот за транспорт и врски.
Потврдата за исполнување на посебни техничко-експлоатациони услови за возилата со кои се вршат одделни видови превоз во патниот сообраќај ја издава станица за технички преглед или друга специјализирана институција овластена од министерот за транспорт и врски.

Член 6
При вршењето на превоз на патници и стока во внатрешниот патен сообраќај превозникот во возилото мора да има патен налог.
За издадените патни налози превозникот задолжително води евиденција и истите е должен да ги чува најмалку една година.
Формата и содржината на патниот налог ја пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 7
За вршење на одделни видови на јавен превоз во патен сообраќај се издаваат следниве видови лиценци:
1)во внатрешниот патен сообраќај за:
-општински линиски превоз на патници,односно за линиски превоз на патници за градот Скопје,
-меѓуопштински линиски превоз на патници,
-слободен превоз,
-превоз на патници за сопствени потреби,
-авто-такси превоз на патници,
-јавен превоз на стоки и
-превоз на стоки за сопствени потреби
2)во меѓународниот патен сообраќај за:
-меѓународен линиски превоз на патници
-меѓународен слободен превоз на патници
-меѓународен превоз на патници за сопствени потреби
-меѓународен јавен превоз на стоки и
-меѓународен превоз на стоки за сопствени потреби


Член 8
Лиценца може да добие домашно правно или физичко лице (во натамошниот текст:превозник),ако ги исполува следниве услови:
1)да е впишано во трговскиот регистар за вршењето на превоз во патниот сообраќај и да има решение за вршење на претежна дејност за одделен вид на превоз освен лиценци за сопствени потреби;
2)да е сопственик на едно или повеќе возила за одделни видови превози што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз.
3)да има вработено возачи во зависност од бројот на моторните возила (автобуси,моторни товарни возила и др.)што ги исполнуваат условите предвидени со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;
4)управителот или овластеното лице одговорно за превоз да има успешно поминато проверка за професионална компетентност.
5)да не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот,стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај;
6)да има во сопственост капацитет за паркирање и одржување на возилата или доказ за користење на таков капацитет со рок на важење од најмалку четири години;
7)во возилата за вршење на општински линиски превоз на патници да има вградено фискален апарат.
Програмата за проверка на професионалната компетентност на управителот или овластеното лице одговорно за превоз ја пропишува министерот за транспорт и врски.Од полагање на испит за професионална компетентност се ослободуваат лицата кои поседуваат доказ за практично искуство од најмалку пет години во транспортот на ниво на управување.Проверката за професионалната компетентност се врши пред комисија формирана од министерот за транспорт и врски.Програмата за проверка на возачите за добивање на сертификат за учество во меѓународниот превоз на патници и стока ја пропишува министерот за транспорт и врски.
Начинот и постапката за добивање и одземање на лиценца за одделни видови на превоз ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Член 9
Лиценците предвидени со членот 7 од овој закон ги издава Министерството за транспорт и врски,освен лиценците за општински превоз и авто-такси превоз на патници кои ги издава градоначалникот на општината,а за градот Скопје градоначалникот на градот Скопје.Лиценците се издаваат со период на важење од четири години.

Член 10
Превозникот поднесува барање за добивање на лиценца до Министерството за транспорт и врски или до градоначалникот на град Скопје,со точно наведување на видот на превозот за кој сака да добие лиценца и писмени докази за исполнување на условите пропишани со овој закон.
Оргонот од ставот 1 на овој член ја издава лиценцата најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на комплетното барање за издавање на лиценца.
Против решението на Министерството за транспорт и врски со кое барањето за издавање на лиценца се одбива може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Комисијата на Владата на Република Македонија за решавање на управни работи во втор степен од областа на сообраќајот.
Против решението на градоначалникот на општината или против решението на градоначалникот на градот Скопје со кое се одбива барањето за издавање на лиценца може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до министерот за трамспорт и врски.

Член 11
Превозникот може да започне да врши превоз на патници и стоки во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај откако ќе добие лиценца.Лиценцата се издава на име на превозникот и не може да се пренесе на друг превозник.

Член12
Органот надлежен за издавање на лиценци на превозникот со решение ќе му ја одземе лиценцата ако утврди дека тој повеќе не ги исполнува условите за добивање на лиценца или дека превозот го врши во спротивност со издадената лиценца.Со решението за одземање на лиценцата издавачот на лиценцата го повикува превозникот во рок од осум дена од денот на приемот на решението да му ја врати лиценцата.Издавачот на лиценца веднаш ги известува надлежните инспекциски служби за одземање на лицанцата.
Против решението од ставот 1 на овој член на Министерството за транспорт и врски може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението на Комисијата на Владата на Република Македонија за решавање на управни работи во втор степен од областа на сообраќајот.
Против решението од ставо 1 на овој член на гардоначалникот на општината или на градоначалникот на градот Скопје за одземање на лиценцата може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до министерот за транспорт и врски.
Жалбата не го одлага извршувањето на решението.

Превоз на патници

Член 17
Превозот на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај може да се врши како линиски и слободен превоз на патници.
Линискиот превоз на патници може да се врши како општински,меѓуопштински,меѓународен и посебен линиски превоз.


1.Линиски превоз на патници

1.1.Општински линиски превоз на патници

Член 18
Општински линиски превоз на патници можат да вршат превозници кои ќе добијат лиценца за вршење на таков вид превоз.

Член 19
Општински линиски превоз на патници се врши врз основа на дозвола за определена линија што ја издава градоначалникот на општината ,односно градоначалникот на град Скопје.
Превозник кој има лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници може да отпочне со вршење на превоз ,откако ќе добие дозвола и ќе регистрира возен ред за определена линија кај градоначалникот на општината,односно градоначалникот на град Скопје.
Дозволата и возниот ред од ставот 2 на овој член се издаваат со рок на важење од четири години.

Член 20
При вршење на општински линиски превоз на патници превозникот е должен во возилото да има лиценца,дозвола и регистриран возен ред во оригинал.
Превозникот е должен да се придржува на регистрираниот возен ред и редовно да ја одржува линијата.

Член 21
Качување и слегувањена патници во општински линиски превоз се врши на автобуските стојалишта согласно со утврдениот и регистриран возен ред.
Автобусите на предната и бочната десна страна на видно место треба да го содржат бројот на линијата ,почетното и крајното стојалиште.


Член 22
Советот на општината освен советите на општините на градот Скопје го уредуваат општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општината,а линискиот превоз на патници на подрачјето на сите општини на градот Скопје го уредува Советот на градот Скопје,при што особено утврдуваат:
-единствена мрежа на линии,
-единствен возен ред,начин на негово истакнување ,одржување и менување,
-начин на организирање на контролата на сообраќајот на автобусите и линиите,како и евиденција за тоа,
-тарифен систем и систем на наплата,
-локација на автобуските терминали,свртувалишта,стојалишта и постапка за нивна измена,
-изградба,обележување,опремување,одржување и користење на автобуските терминали,свртувалишта и стојалишта,
-одредување на релација и место на превоз со комби возила со најмалку девет седишта(8+1)и
-критериуми за начинот и постапката за издавање и одземање на дозволата за вршење на општински линиски превоз и распределувањето на линиите на превозниците во општинскиот линиски превоз.

Член 23
Две или повеќе соседни општини можат да формираат заедничка јавна скужба за заедничко организирање и вршење на општинскиот линиски превоз на патници.

 

 



МАКЕКСПРЕС
инфо

ВЕСТИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Вест2

Вест3

Вест4


Бесплатен превоз


Галерија


Маркетинг
>>>

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД СКОПЈЕ

РЕКЛАМИРАЈТЕ СЕ НА НАШИТЕ АВТОБУСИ


Powered & hosted:
Мрежен електронски центар